Тема на месецот
Далечинско отчитување на водомери
 

Coronis партнер за успешна реализација

ЦмЦ Екокон е организација која нуди комплетни решенија од областа на водоснабдувањето на територијата на Балканскиот полуостров.Уште од 1990, компанијата е специјализирана во областа на супервизија и контртола на технолошки процеси, инсталација и сервисирање на водомери, производство на опрема за далечинско отчитување на течности, гасови и електрична енергија како и опрема за контролирано дозирање и производсво на дополнителна опрема за мерење на протоци.Денеска компанијата е водечка на пазарот на мерната техника во Централна и Источна Европа.

Предизвик

На Словенското приморје во градовите Копер, Изола и Пиран има приближно околу 30 000 водомери. Коперскиот водовод поради потребата за подобар надзор на потрошувачката, потребата за побрзо собирање на податоците и полесен начин за откривање на дефектите и други аномалии во мрежата го имплементираше нашиот систем со одлични резултати.

Автоматско собирање на податоци

ЦмЦ Екокон избра да ја користи Coronis безжичната технологија во првата голема AMR мрежа во Источна Европа. Оваа инсталација беше прва од тој тип, и понуди високо ниво на автоматизација (автоматско собирање на податоци и далечинско следење на воводоводните мрежи). Градењето на фиксните мрежи може да се одвива постепено, додека во тој период се врши отчитување со walk-by метода со помош на рачен терминал или преносен компјутер.Тука е и најголемата предност на овој систем бидејки постепено и безболно може да се премине на помодерна и поквалитетна метода на отчитување.

Wavenis безжичното решение  ставено на тест

Батериски напојуван безжичен Радио модул се закачува на секој водомер, овозможувајки одлични можности - зачувување на голем број податоци и можност за пристап до нив со рачен терминал или Лаптоп компјутер или од далечинки сервер.Овој систем овозможува да се избегнат проблеми при мерењето со спонтано испраќање на пораки преку безжична мрежа при вандализам, дефекти, обратно завртен водомер слаба батерија и сл. Фиксните мрежи користат GSM-SMS концентратори за да поддржат групи и до 2000 водомери по концентратор.Без разлика каков е теренот со помош на репетиторите на  Wavenis се овозможува 100% покриеност на сите Радио модули за многу мала цена. Со помош на едноставен Софтвер операторите можат да ја следат секоја промена во системот без разлика дали тоа е преку лаптоп, речен терминал или пак од еден централен компјутер.
Меѓу другото овој проект покажува како Источно Европскиот пазар е подготвен да користи технолошки иновации за да овозможи дополнителни можности на далечинското отчитување.Избирајки ги производите на основа на Wavenis, со нивниот квалитет ЦМЦ Екокон ја подобрува точноста и ефикасноста на целиот систем а со тоа и овозможува подобра услуга на корисниците.Новиот систем на отчитување обезбедува побрзо и попрецизно отчитување на сите видови на водомери.


Изглед на Водомер со можност за далечинско отчитување

Изглед на Водомер со можност за далечинско отчитување